Владата на Северна Македонија донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21 часот во петок (денеска) до 5 часот во понеделник, напиша на својот фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски.
Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16 до 5 часот.
– За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби, пишува Спасовски на фејсбук.