Се сеќавате на оние машини со кука, полни со плишани играчки, што ги обожававте додека бевте дете во 90-тите? Ви успеало некогаш да фатите некое од мечињата? Имаме добра и лоша вест: добрата е што не е до вас; лошата е што играта е наместена…
Сите залудно потрошени парички не се ваша вина. Еден неодамнешен „експеримент“ покажа дека механизмот на овие машини т.е. фатот на куката, може да биде манипулиран за да закачи играчка само во одреден број случаи.
Со други зборови, самиот сопственик на машината, по своја желба, одредува колкави ќе бидат шансите некој да добие играчка. На пример, ако ја подеси куката да фаќа играчка во само 10% од обидите, токму тоа и ќе се случи. Така, вашите шанси не зависат од вашата среќа или уште помалку вештина, туку од широкоградоста (или недостатокот од неа) на сопственикот.
Згора на тоа, програмирањето на машината не е некаков си хакерски подвиг – самата машина има мени за да ви ја олесни работата. Изгледа отприлика вака:
Зачнати во САД во 1950-те, „claw (канџа) машините“ добија огромна популарност и станаа омилена забава (или поискрено речено – лажга) за безгрижните дечиња ширум светот. За жал, веројатно најдоброто решение е да се држите настрана од нив, освен ако не решите да го подмитите сопственикот со цел да го израдувате своето наивно ангелче.