Мелани Гајдос боледува од ретко генетско пореметување, кое низ животот и донело бројни проблеми. Сепак, освен оние физички болки со кои секојдневно се справувала, таа повеќе се чувствувала повредено од оние психичките. Болеста која оваа 26-годишна девојка ја има (ектодермална диспазија), предизвикува губење на косата, забите и ноктите.
Но, и покрај тоа, Мелани денес работи како модел и манекенка за бројни проекти, па сите оние кои во текот на детството ја нарекувале наказа и чудовиште, можат само да и подзавидат на огромните хонорари кои таа ги заработува.