За оваа интересна зграда сведочи Ерика Томпсон, која е учителка во основно училиште, а нејзиниот целовксупен живот е сместен во една зграда.
Градот Витиер на Аљаска има нешто повеќе од 200 жители и речиси сите живеат во иста зграда.
Најголем дел од жителите живеат во облакодерот Бегих, што е изграден во далечната 1956 година. На почетокот служел за сместување на војници, но денес е регуларна стамбена зграда со поштенски броеви, полициска станица, црква, игралиште, продавници и амбуланта.
Ерика е учителка во основно училиште и целовкупниот нејзин живот е сместен во една зграда. Неа и се потребни 5 минути до работа, а тоа време зависи од метежот во сообраќајот во лифотот.
„Целиот мој живот е сместен во една зграда, но тоа не го намалува неговиот квалитет“, објаснува учителката и додава дека некогаш се занимавала со фитнес, но сега е посветена на едукација на децата.
„ Овде живеат голем број луѓе и тоа затоа што сакаат. Отанува на вашиот избор“, додава таа.
Доколку сакате да го посетите овој град, тоа ќе биде можно само ако поминете низ тунелот долг четири километри, чија што врата се отвора на секој пола час. Меѓутоа, навечер сè се менува.
Имено, кога ќе падне мрак, не можете ниту да влезете ниту пак да излезете од градот, бидејќи вратата на тунелот е затворена.
„Сите ме прашуваат дали е чудно што сите живееме во иста зграда? Меѓутоа, јас им велам дека тоа е како да живееме во заеднички стан и тука нема ништо лошо“, се шегува учителката.
Погледнете го видеото: