Целер, лек за сè

celeer3

Како обарен така и свеж, целерот се употребува за подготовка на јадења и супи додека семето се употребува како зачин.

Наједноставно е да се користи соковник и да се комбинира целерот со останати овошни и зеленчукови сокови,  на пример со сокот од  морков, јаболко или краставица. Сокот можете да го пиете колку сакате без страв од предозитрање (доколку е од органско потекло и не содржи пестициди).

celer5

Сокот од стебленката на целерот е полн со хранливи материи и спаѓа меѓу најздравите течности што може да ги внесете во телото. Благодарение на базните особини целерот воспоставува ПХ рамнотежа во организмот која поради индустриски преработената храна често пати е нарушена.

Листовите на целерот се богати со витаминот А, додека дршките се извонреден извор на витамините Б1, Б2, Б6 и Ц витаминот, полни се со калиум, фолна киселина, калциум, магнезиум, железо, фосфор, натриум, како и со есенцијалните амино киселини. Тука се и билните хормони и многу вредните етерични масла кои на целерот му даваат специфична миризба. Овие масла особено добро делуваат врз нервниот систем и смирувват.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

celer1

Истражувањата покажале дека целерот содржи состојки како што се ацетилениците и фоноличната киселина кои го спречуваат ширењето на ракот.

Кумарините се уште една значајна фитохемикалија која го спречува штетното влијание на слободните радикали со што го превенира развивањето на ракот на дебелото црево и на желудникот.

Лабораториските студии докажале дека активните фталиди содржани во целерот ги опуштаат артериите со што го регулираат крвниот притисок.

celer4

Составот на влакната е таков што ја стимулира подвижноста на цревата со што, како природен лаксатив, целерот помага во ослободувањето од  запекот.

Калиумот и натриумот се содржат во целеровиот  сок и се силни регулатори кои ја стимулираат продукцијата на урината  и така помагаат при ослободувањето на телото од вишокот на течности.

Полиацетилените во целерот се неверојатно средство за олеснување на воспаленијата, вклучувајќи ги ревматоидниот артритис, остеоартритисот, гихтот, астмата и бронхитисот.

- Реклама -