Царовска: Со оставката на Заев престанува и мандатот на целото раководство, му благодарам за укажаната доверба

Министерката за образование и наука и потпретседател на СДСМ – Мила Царовска, во објава на Фејсбук наведе дека со оставката на претседателот на СДСМ – Зоран Заев, престанува и мандатот на целото раководство.

Во објавата, Царовска му се заблагодари за укажаната доверба и можност да даде, како што вели, придонес во градењето општество за сите. Како што истакна, таа останува целосно посветена на борбата за социјалдемократските вредности.

„Изминатите две и пол години, заедно со раководството на партијата, работевме посветено да одговориме на сите предизвици поврзани со подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и меѓународниот статус на земјата. Со оставката на претседателот Зоран Заев, престанува и мандатот на целото раководство. Му благодарам за укажаната доверба и можност да дадам придонес во градењето општество за сите. Останувам целосно посветена на борбата за социјалдемократските вредности“, напиша Царовска.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

- Реклама -