Царовска најостро демантира дека ќе се укинува групата македонски јазик на Филолошки

Министерката за образование Мила Царовска најостро ги демантира тврдењата на проф. Јасна Котевска од Филолошкиот факултет при УКИМ:

„Повикувам да запре ширењето дезинформации! Ниту се планирало, ниту ќе се укинува групата македонски јазик на Филолошкиот факултет. Ова е чиста лага, граѓаните да не подлегнуваат на овие шпекулации“, напиша Царовска на Твитер.

На демантот на Царовска, со демант врати и Котеска, алудирајќи дека лажната вест не е нејзино, а дело на порталот кој ја пренел нејзината изјава на Твитер.

„Освен што Царовска поддржала ширење лажна вест од портал, нејзиниот твит дополнително покажува ароганција и мешање во автономијата на УКИМ! За овие прашања дискутира УКИМ, а не МОН“, напиша Котеска, откако претходно порача Министерството за образование да  да ја запре „Концепцијата“ и да започне со сеопфатни анализи.

Во оригиналниот твит, пак, Котеска напиша:

„Да сумирам.
1. Мила смислила 10-то летка без науки додека дојдат бугарските учебници по историја.
2. На Филолошки без писмен допис се планирале две научни гранки: лингвистика и литература, ама македонскиот да бил тек дел од гранките.
Ова е тоа што го викаат таен државен удар?“.

- Реклама -