Царовска демантира: Дезинформација е дека работниците пред пензија ќе работат по 6 наместо по 8 часа

Ништо од „добрата вест“ за оние кои се пред пензија. Иако неколку медиуми, меѓу кои и блиски до владата, ја објавија веста, министерката за труд и социјална политика – Мила Царовска, вели дека е дезинформација и шпекулација информацијата дека со новиот Закон за работни односи работниците со навршени 62 години и работничките со навршени 60 години ќе работат со работно време скратено за 2 часа, а за истата плата.

Царовска го повика медиумот што објавил да потврди дали таква информација навистина добил од МТСП и додаде дека донесувањето на законот се врши транспарентно и дека откако ќе биде изготвен, ќе има и дебата и известување до јавноста, па дури потоа ќе биде донесен.

Извор: „Независен“

 

- Реклама -