Трудниците на овој начин несвесно го зголемуваат ризикот од абортус

Хемикалиите што се наоѓаат во десетици производи што ги користиме може двојно да ги зголемат шансите за абортус кај жените.

Научниците тврдат дека бремените жени треба да избегнуваат конзервирана храна, да престанат да јадат храна од пластични садови, па дури да избегнуваат и да ги допираат фискалните сметки. Истражувачите од престижниот Универзитет Стенфорд во Калифорнија дошле до заклучок дека бремените жени со највсиоко ниво на хемикалии Бисфенол А (BPA) во телото имаат 80 проценти повеќе шанси за абортус.

0477007.48

Истражувачите пронашле разни хемикалии што се користат во производството на широк спектар предмети со кои ракуваме секојдневно: пластични садови за храна, стаклени шишиња, конзерви, електрични апарати, пластични шишиња за вода, очила за сонце или кутија за ЦД-иња.

„Додека не се спроведат дополнителни истражувања, жените со необјасниви абортуси би требало да избегнуваат изложување на BPA хемикалии за да отстранат еден од потенцијалните ризични фактори. Постојат некои работи што може да ги направиме за да се заштитиме, но не е можно оваа хемикалија да се избегне во целост. Настојувајте да избегнувате се што има врска со готвење или подгревање на храната во пластични садови затоа што хемикалиите при висока температура излегуваат од пластиката и влегуваат во храната што ја јадете“, предупредува др. Рут Лати, која го води истражувањето.

Прочитајте и:  Нутриционист откри што се случува кога пиеме кафе на празен стомак

three_great_uses_for_freezer_bags

„Избегнувајте конзервирана храна, готвење или греење во пластика, допирање на работи со висок процент на BPA, како сметките од продавница“, додала таа.

Истражувањата што докажуваат голема штетност на овие хемикалии беа поттик Светската здравствена организација да забрани употреба на фталат и бисфенол затоа што се смета дека овие хемикалии предизвикуваат рак на дојка, леукемија, астма и вродени мани.

- Реклама -