Ако сакате да направите поголема промена во домот или едноставно сакате да го освежете животниот простор, започнете од трпезаријата.
Тоа ќе го постигнете на најлесен, а на најефикасен начин ако набавите столици во различни бои, материјали, облик и дезен.
Распарените стари дрвени столици сега можат да бидат украс во домот. Префарбајте ги во жолта, црвена, сина, пинк, зелена… Овој тренд во уредувањето дизајнерите го превземаа од популарниот бохо стил, но го сведоа само на одредени парчиња од мебелот или на една соба.
Ако немате таков тип на столици можете да ги претапацирате со помош на линии, цветни мотиви, геометриски шарки. Сите комбинации се дозволени. Немојте да се плашите дека ќе делува кич, бидејќи бохо стилот тежнее кон тоа да внесе колорит и доза на еклектика во просториите.
Совет плус: Една столица вклопете со завеса, друга со вазна која ја краси масата, трета со килимот, четврта со полици или кујнски елементи.