Трованти: Романските камења што растат и се размножуваат

Ги нарекуваат „живи камења“. Не само што растат  и се размножуваат, туку понекогаш и се движат.

Составени се од главно камено јадро, обвиткано во слој од високо-порозен песок. Во контакт со вода богата со  калциум карбонат (дождови) песокот се цементира. По секој врнеж, тровантите ги апсорбираат минералите од дождот. Тие доаѓаат во контакт со хемикалиите кои се веќе присутни во каменот и подоцна создаваат хемиска реакција при што се зголемува внатрешниот притисок. Под влијание на истиот, каменот расте од средината кон надворешноста, сé до моментот кога ќе се размножи т.е. се формира засебен камен. Растот се одвива со брзина од 4-5 сантиметри на секои 1000 години.

Тровантите обично се мазни и немаат остри рабови. Цилиндрични, нодуларни или сферични; тровантите развиваат непостојани форми како резултат на растењето и нерегуларните издвојувања на цементот. Можат да имаат големина од неколку милиметри, па и до 10 метри. Настанале пред околу шест милиони години, како последица на големите земјотреси од тоа време.

5

Како што рековме, тровантите не се чудни и уникатни само затоа што растат. Знаат и да се придвижат од едно место кон друго, имаат и „екстремитети“ во форма на корења, а на пресек се видливи и прстени на старост, слични на оние на дрвата. Научниците сé уште работат на тоа да ги објаснат овие феномени. Комбинацијата од карактеристики на растение и истовремено – на камен, водат кон забуни за тоа дали тровантите треба да бидат категоризирани како живи или неживи нешта.

Сеедно, овие камења се интересни за гледање, чудни на допир и погодни за употреба. Често се користат како градежен материјал за надгробни плочи, а локалните жители ги користат и за изработка на сувенири.

Ги има и во Русија, во степите на Казахстан, Чешка и на други места.

1 2  4  6

- Реклама -