Трошел „без усул“! Банкротираше раперот 50 Cent

Американскиот рапер 50 Cent се наоѓа во период кога треба да плати солена казна поради навреда, но наместо да ја надокнади штетата тој прогласи банкрот.

Во документот испратен до федералниот суд во случаите на банкротства, пејачот со вистинско име Куртис Џејмс Џексон Трети ги оценил активата и пасивата на помеѓу 10 и 50 милиони долари.

Ако барањето за прогласување на банкрот биде прифатено, тоа ќе му овозможи да не ја плаќа казната од 5 милиони долари. Таа му беше наложена од судот бидејќи во едно видео ја исмеал девојката на неговиот најголем ривал Рик Рос.

Уште во мај раперот  го објави бакротот на  неговата продуцентска куќа, откако најави дека таа е заглавена во долгови.

Screen-shot-2010-12-16-at-11.47.45-AM

Иако банкротот звучи како да не му останал ни долар, тоа изгледа така само на хартија. Всушност, експертите во Америка ги пофалија неговите исклучителни бизнис инстинкти и способности. Иако тој на својата банкарска сметка нема веќе пари, има вредни недвижнини, возила и еден куп други скапоцености

Списанието “Форбс”  ја процени состојбата на пејачот на 155 милиони долари. Тој живее во Конектикат, каде што живее во куќа која неодамна била во сопственост на боксерот Мајк Тајсон. Таа се состои од 21 спални соби и гаража за осум автомобили.

- Реклама -