Луксузен хотел во некој тропски рај е нешто на што ретко кој човек би кажал не. Меѓутоа, Одморалиштето Манта на островот Пемба во Занзибар, има соба која многумина ќе ги замисли.
Ексклузивната подводна соба се наоѓа токму во океанот, и од сите четири страни е опкружена со кристално сина вода. Над неа се наоѓа палуба со кујна и тоалет, а на врвот пак, изолиран простор за сончање и релаксација.
Овој „скромен“ апартман нуди можност директно од собата да ве разбуди поглед на подводниот свет, и уникатно расонување со нуркање во океанот.
Сепак, колку ова да изгледа привлечно и неодоливо, фактот дека се спие под вода за многумина изгледа застрашувачки и неприфатливо. За останатите пак, овој простор е дефиниција за рај.