„Чукни во дрво…“, пееше Влатко Стефановски и имало зошто… Сигурно честопати ви се случувало да тропнете по дрво за да не „заречете“ некого, или три пати за да спречите некоја несреќа или баксуз.
Тоа понекогаш го прават и луѓе кои воопшто не се суеверни, а научниците од Универзитетот во Чикаго потврдија дека таквите „мали ритуали“ навистина можат да ја избркаат несреќата и да спречат некој малер.
Во западната култура, против уроци луѓето најчето тропаат во дрво, три пати плукаат или фрлаат сол, а истражувањето покажа дека таа пракса, може да ја намали веројатноста за несреќа.
Тие спровеле пет одвоени експерименти во кои ги замолиле учесниците да „ја предизвикаат судбината“, , а потоа да направат некој познат ритуал, или нешто што е сосема неповрзано-на пример, да држат топка.
Откриено е дека лицата кои тропале по дрво, веруваат дека повеќе не им се случуваат баксузи, проклетства или можни несреќи, додека оние кои не го направиле тоа ги мачат црни мисли, па се изјасниле дека сега очекуваат да им се случи нешто лошо.
Научниците заклучиле дека ритуалот за „уништување на баксузлук“ воглавно вклучува движења со кои нешто се испраќа далеку од нас.
Студијата е објавена во весникот „Experimental Psychology”.
Дали се во прашање параормални сили, енергија или психа, веројатно успева.