Тројца вработени во Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), шестмина вработени во Министерството за здравство и еден од „Мој термин“, ќе одат во самоизолација откако вработен во ДСЗИ, кој имал контакти и со вработени во Министерството, е позитивен на тестот за Ковид-19, објави „НОВА“.
Информацијата за порталот ја потврдила директорката на ДСЗИ – д-р Ирина Сотирова Бухова. Како што информира таа, заболениот е административен работник кој во петокот имал температура, а во самоизолација од ДСЗИ одат инспекторка и двајца негови колеги од истата канцеларија.
Според неофицијални информации, пренесува „НОВА“, заболениот се заразил на приватни средби, односно присуствувал на (ифтарски) вечери за време на Рамазанските празници.