Во последните 24 часа се направени 1.342 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на КОВИД-19, сите од Скопје, информира Министерството за здравство.
Во последните 24 часа не се регистрирани починати лица.
Регистрирани се 6 оздравени пациенти, по двајца од Скопје и Тетово и по еден од Кочани и Кичево.
Досега во земјата се направени вкупно 874.236 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.676, бројката на оздравени пациенти е 149.967, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 225.