Тројца кандидати да го наследат Луис Енрике на кормилото на Шпанија

Луис Енрике веќе извесно е дека нема да биде селектор на Шпанија после елиминацијата во осминафиналето, но неговото заминување се најавуваше уште пред стартот на Мундијалот без оглед на (не)успехот на „фуријата“, па според последните најави во игра се тројца кандидати за негов наследник.

Шпанија повторно разочара и вторпат по ред не успеа да го мине осминафиналето на СП, а еднаш испадна во групите (2014) во повеќе од една деценија откако се крунисаа за светски прваци во Јужна Африка во 2010 година.

Според најавите, иако не би било неочекувано да има и пресврт и Луис Енрике да остане селектор, прв кандидат е Марселињо Гарсија Торал, екс-тренерот на Валенсија со која освои Копа дел Реј во 2018/19, а со Атлетик Билбао стигна до шпанскиот Суперкуп во 2021. Моментно е без ангажман.

- Реклама -