Тројца навивачи на Англија се отпуштени од своите работни места откако се упатија кон финалето на Европското фудбалско првенство 2024 во Берлин, пишува „The Sun“.
Како што забележува британскиот медиум, станува збор за татко и два сина кои работеле како инженери во Бирмингем. На пат кон германската престолнина добиле мејл од претпоставените, во кој пишувало дека им се раскинуваат договорите. Компанијата истакна дека им требаат „посветени“ вработени.
– Ова е шанса еднаш во животот. Ризикувавме сè, рече еден од мажите.
Селекцијата на Англија загуби од Шпанија во решавачкиот натпревар на Европското првенство со резултат 1:2. Англичаните вторпат по ред загубија во финалето на еврото.