Трогателна исповед на вљубениот Бред Пит

Неговата вереничка Анџелина Џоли минатата недела храбро откри дека направила превентивна двојна мастектомија, но иако за нивното семејство тоа биле тешки времиња, Бред Пит тврди дека никогаш не бил посреќен.

Славниот актер се отвори во својот прв разговор за медиумите откако Анџелина ги заврши операциите кои траеле три месеци.

„Имам неколку добри пријатели. Имам малку блиски пријатели и го имам моето семејство – незнам дали животот би можел да ми биде посреќен“, изјавил за најновиот број за магазинот Esquire.

brad-pitt-to-esquire-i-havent-known-life-to-be-any-happier-01brad-pitt-to-esquire-i-havent-known-life-to-be-any-happier-01

Бред проговори и за своите шест деца Мадокс (11), Пакс (9), Захари (8), Шајло (6) и четиригодишните близнаци Нокс и Вивиен. И покрај тоа што во нивниот дом нема мирни моменти, Бред вели дека тоа не би го сменил за ништо во светот и дека неговите деца му недостигаат кога не е со нив.

„Секогаш мислев дека кога ќе имам семејство ќе имам големо семејство. Сакав хаос во домот, постојано зборување, постојано некој да се смее, вриска, плаче и лупа“.

brad-pitt-to-esquire-i-havent-known-life-to-be-any-happier-02

„Мразам кога ги нема. Мразам. Можеби е убаво да поминете еден ден во хотелска соба кога мислите дека конечно може да прочитате весник на мир. Но, веќе следниот ден ми недостасуваат. Ми недоставува сиот тој живот“.

49-годишниот актер добро се снаоѓа во семејниот живот, но открива дека верувал дека не е способен да се врзе за ништо.

5zDJpWT

„Ќе почнев нешто, па ќе посакав да правам нешто друго. Мислам, ми останаа само уште два испита до диплома на факултет. Само морам да напишам труд. Каков е тој човек? Тој тип ме плаши – тип кој секогаш остава малку на чинијата“.

- Реклама -