Трка со топови (видео)

трка со полски топовиБританската Кралска Морнарица е една од најстарите воени морнарици во светот. Кралската Морнарица има богата историја, полна со традиции и пријателски ривалства помеѓу различните бази, бродови, па дури и оддели. Ова видео прикажува една од тие традиции – трка со топови.


Британската Кралска Морнарица е една од најстарите воени морнарици во светот. Кралската Морнарица има богата историја, полна со традиции и пријателски ривалства помеѓу различните бази, бродови, па дури и оддели. Ова видео прикажува една од тие традиции – трка со топови.

трка со полски топовиОва е уникатен „спорт“ кој потекнува од Кралската Морнарица. Традицијата зад ова натпреварување потекнува од Втората Бурска Војна, поточно од специфичен настан, кога група на британски морнари пренесле топ, од нивниот брод, до фронтот, преку нерамен терен. Од тогаш, тимови кои ги претставуваат различните бази и гранки на Кралската Морнарица се натпреваруваат преку повторување на овој настан. Ова видео е од 1997 година, од натпреварот помеѓу претставниците од базата во Портсмут, и претставниците на морнаричката авијација.

{youtube}VslIuK-bAHg{/youtube}

Во првата етапа, тимовите треба да ја однесат целата опрема преку ѕид, симулирана бездна, непријателскиот ѕид, да го состават топот и да испукаат три истрели. Во втората етапа, тимовите се повлекуваат преку непријателскиот ѕид, бездната, и повторно да испукаат три истрели. Ова натпреварувње дефинитивно не е за секого. Потребна е тимска координација, и неверојатна физичка подготвеност.

- Реклама -