Најновата анкета вели дека, најчесто, мажите имаат три шанси да се докажат во креветот. Дури 41 процент од жените веруваат дека тремата го загрозува квалитетот на првиот секс и дека три пати се сосема доволни за партнерите да ја надминат. Во случај сите три обиди да се незадоволителни, жените без многу размислување би продолжиле со потрагата по подобар љубовник.
Но, не се сите дами толку строги. 30 проценти од испитаничките рекле дека би биле попопустливи, но и дополнително би се потрудиле да профункционира сексот со партнерот.
За разлика од првите две групи, кај 4 проценти од жените, мажите имаат само една шанса. Ако не се задоволени од прв пат, несреќникот е слободен да си го бара к’сметот на друго место.