Летото е идеално за отворени фустани и необични топови, но многу комбинации се вистински предизвик ако немате соодветен градник.
Еден од најпрактичните градници за фустан е градник чии прерамки се симнуваат. Најдобри се оние без чипка и видливи рабови, односно мазни во основните бои – црна, бела и беж. За да не ви ѕирка градникот со длабоко деколте, бирајте градник на кој корпите се споени со проѕирна трака.
Ако веќе се гледа нека биде чипкаст
Ако носите фустани длабоко отворени од страна така што не можете да го сокриете градникот, изберете убав чипкаст градник.
Ленти за подигнување на градите
Фустаните со комплицирани кроеви и отвори преку градите се предизвик. Стилистите на познатите вообичаено им ставаат посебни траки за подигнување на градите, лепливи од двете страни.
Како да ја пронајдете вистинската големина?
1.Основна големина: исправете се и опуштете се, па со метро измерете го обемот точно под градите
2. Корпи: измерете го обемот на градите преку грбот во висина каде што градникот се закопчува и преку брадавиците
3.Вашата големина: споредете ги резултатите од првите два чекори и откријте ја вашата големина
4. По мерка: Додека го ставате градникот, наведнете се напред за градите да легнат во корпите
5. Не одговара: ако се крева на грбот и ако се подигнува кога ги кревате рацете