Користењето на машината за перење не е ракетна наука, ама постојат некои „цаки“ кон кои треба да се придржувате за да го извлечете максимумот од неа.
- Во основа, никогаш не треба да ја претрупувате машината со облека. Така ја намалувате нејзината ефикасност, што пак негативно се одразува на чистотата на облеката.
- Се препорачува еднаш месечно да ја вклучите празна, додавајќи малку детергент. Тоа ќе ги елиминира непријатните мириси кои се задржуваат во бубањот, мириси кои потоа се вгнездуваат во ткаенината при перењето.
- Основно правило е да ја поделите облеката во три основни групи: бела, светла и темна. Иако се продаваат марамици кои наводно го спречуваат обојувањето и овозможуваат перење на различната облека заедно, не може потполно да им се верува.
- При првото перење, новата гардероба секогаш треба да се испере рачно, во топла вода со малку детергент. Целта е да видите колку боја испушта.
- Секогаш прочитајте што пишува на декларацијата, пред да ја ставите облеката во машина. Тука би требало да е назначено на која температура би требало да ја перете.
- Додека ја собирате облеката за перење, добро проверете ги џебовите. Освен што можете да заборавите пари или нешто важно, доволно е да има само хартивче од мастика кое може да пушти боја и да ја упропасти облеката.
- Најдобро е облеката да се преврти од опаку и така да се пере. Така бојата ќе биде попостојана. Истото важи и при сушењето.
- Закопчајте ги кошулите. Така копчињата подолго ќе траат.