Tрикови за контролирање на апетитот

Изгледа едноставно кога помислувате дека треба само да го намалите внесувањето на калoрии и килограмите ќе се изгубат. За среќа, постојат трикови кои ќе ви помогнат во сузбивање на апетитот и потребата од храна, а сетоа тоа може да се постигне на здрав начин.

Внесувајте протеини

Нутриционистите секогаш ја истакнуваат важноста на протеините, а тоа не е без причина. Тие вас ве одржуваат сити со часови,  бидејќи е потребно подолго време за да се разградат. Истотака важно е во кое време ги конзумирате протеините. Најдобар оброк за протеини е доручекот бидејќи   ќе ве држи со часови и ќе ја спречи  гладта која настанува во попладневните часови. За појадок внесете барем 30 грама протеини.

Јадете компири

Многумина мислат дека скробот кој го содржи компирот е штетен, но тој содржи вид на скров кој го одложува апетитот. Поради бавното разградување, компирите ќе ве држат подолго со часови. Најздравиот облик на компир е сварен, а можете да го зачините со разен зеленчук за да го подобрите неговиот вкус.

Внесете здрави масти

Внесувањето на маснотии во исхраната може да предизвика потреба за уште храна. Јадете незачинети масни киселини кои ќе ги пронајдете во производите како што се маслиновото масло или авокадото. Сепак, бидете внимателни со количините кои ги козумирате, бидејќи ваквите масти би требало да содржат најмногу 20 отсто од дневните потреби за калории.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

696586-28_1382341813_670x0-650x325

Вежбајте

Само 60 мнинути вежбање со висок интензитет можат да го одржуваат апетитот намален и за два часа потоа.

Гума за жвакање

Едно истражување покажа дека ако земете мастика и ја жвакате еден час наутро ќе внесете 67 калории помалку за време на ручекот.

Пијте вода

Малата дехидрација предизвикува симптоми кои се слични со оние кога е гладно телото, па затоа многумина жетта ја заменуваат со храна. Ако сте јаделе неодамна, а повторно чувствувате глад, тестирајте го организмот со вода, можеби ќе ви помине.

Јадете јаболки

Јаболките се одлични за слабеење. Содржат влакна и пектин со чија што помош долго ќе чувствувате заситенот. Содржат малку калории, одлични се за регулирање на шеќерот во крвта и спречуваат пад на енергијата во текот на денот.

- Реклама -