Tрикови што ќе го продолжат животот на вашиот автомобил

Имате ли многу стар автомобил кој веќе откажува? Најпрво однесете го на комплетен преглед, а потоа обрнете внимание на овие нешта.

Ако се придржувате до овие едноставни правила, сигурно ќе го продолжите животот на своето „милениче“ и ќе бидете мирни барем некое време.

1. Редовно проверувајте ги гумите

Одлична работа кај повеќето големи бензиски пумпи, е што вработените секогаш можат да ви ја проверат исправноста на гумите. Доколку не ве прашаат сами, секако побарајте да го направат тоа. Многу кратко трае, а важно е гумите да ви бидат правилно напумпани бидејќи тоа влијае на потрошувачката на гориво и правилна работа на моторот, но и амортизерот.

2. Никогаш не возете на резерва

Голем број луѓе знаат дека можат да возат уште 50 – 100 км. кога ќе се вклучи црвеното светло што не известува дека сме на резерва. Возењето на резерва дополнително го оптоварува моторот и затоа е многу важно веднаш да сипете барем малку бензин. Идеално би било на бензиската пумпа да отидете непосредно со вклучувањето на лампата за предупредување.

3. Сопирање на време

Најлоши моменти за автомобилот се оние кога нагло ќе сопрете бидејќи  тоа е „шок“ за моторот, сопирачките, дисковите и амортизерите. Возете внимателно и добро следете ги знаците на патот.

4. Чувајте го добро

Иако голем број луѓе живеат во стан и во зграда без гаража, па приморани се автомобилот да биде надвор во текот на целата година, потрудете се да пронајдете решение. Ако сте во можност изнајмете некоја гаража, ако имате двор направете ја, особено во текот на зимата.

- Реклама -