Трикови и совети за организирање на вашето време

ЖивотНајверојатно сте многу зафатени. Затоа или ги завршувате вашите задолженија во пoследниот момент, затоа доцните по 15 минути на секоја закажана средба. Затоа заборавате некои детали или закажувате повеќе работи во ист термин. Затоа никогаш не можете да отидете на одмор, или да уживате во викендот.

Најверојатно сте многу зафатени. Затоа или ги завршувате вашите задолженија во пoследниот момент, затоа доцните по 15 минути на секоја закажана средба. Затоа заборавате некои детали или закажувате повеќе работи во ист термин. Затоа никогаш не можете да отидете на одмор, или да уживате во викендот.

времеНо дали е така? Можеби проблемот е слабата организација. Но, можете да научите како да го организирате и контролирате вашето време подобро. Еве неколку совети за организирање на вашето време, некој можеби ќе ви помогне.

1. Прв очигледен совет: Направете листа на работи кои треба да ги завршите.

2. Втор очигледен совет: На крајот на денот, проверете што сте завршиле и направете нова листа за следниот ден.

3. Поставете приоритети. Проверете дали она што мислите дека е важно е навистина важно.

4. Разликувајте помеѓу важно и итно. Она што е важно не е секогаш итно, она што е итно не е секогаш важно.

5. Носете ја вашата листа со вас.

6. Ако ви е сеедно, завршете ја најтешката, најдосадна работа прво. Едноставно ослободете се од неа.

7. Ако за некоја задача ви се потребни помалку од пет минути, завршете ја веднаш. Ако е потребно повеќе време, ставете ја на листата.

8. Проверувајте ја и одговарајте на вашата електронска пошта во исотото време секој ден. Ако мора да ги проверувате пораките кога пристигаат, тогаш не се задржувајте повеќе од пет минути.

9. Пред да почнете да ги проверувате вашите пораки, посветете еден час на вашиот најважен проект.

10. Неколку денови запишувајте како го поминувате вашето време за да откриете дали и колку време трошите залудно.

11. Поделете ги големите задачи на помали делови. Поредете ги деловите според нивната важност и работете на по еден дел.

12. Ако дел од вашиот ден поминувате извршувајќи рутински задачи, запишувајте колку време ви е потребно за нив и обидете се да ги завршите побрзо.

13. Можете дури и да си поставите ограничено време за завршување на рутински задачи. Работата често се развлекува во онолку време колку што имате на располагање.

14. Ценете го вашето време. Луѓето кои разговараат со вас на работното место не ве почитуваат вас и вашиот распоред. Поставете граници.

15. Ако можете, кажете не. Правење сè што некој ќе побара од вас е рецепт за неуспех.

16. Наградете се себе за навремено завршување на сите задачи. Прво работата, после забавата.

17. Организирајте го и расчистете го вашиот работен простор за да не губите време барајќи го она што ви треба.

18. Закажувајте ги најтешките задачи за оној дел од денот кога сте најефикасни.

19. Овие совети важат и за животот не само за работата. Подобро е да се биде добар во неколку работи отколку просечен во многу.

20. Не се плашете да ги завршувате проектите порано. На тој начин нема да размислувате на нив. Но не се плашете дека така само ќе добиете повеќе работа.

- Реклама -