Трик за намалување на тремата пред испит или тест

Кој од нас не  треперел пред испит или тест?

 Американските експерти најдоа изненадувачко средство против овој вид на стрес. Тоа звучи како домашно  средство но делува, тврдат авторите.

Наместо да мислите за материјалот, врз кој ќе ве тестираат, седнете и опишете ги на лист вашите стравови.

Психологот од Универзитетот во Чикаго Шан Билок и нејзините колеги им поставиле на 20 студенти по математика две задачи. За првиот тест тие ги  предупредиле учесниците  дека треба да го   дадат најдоброто од себе. Кај  вториот тест психичкиот притисок бил засилен: кој ќе се претстави добро, добива парична награда. И згора на тоа од резултатот на секој зависи вкупниот успех на групата. Студентите биле предупредени дека ќе бидат снимани  додека ги решаваат задачите, а постоа истите  ќе бидат проверени.

Потоа им дале на половина од испитаниците, 10 минути, во кои ќе имаат можност да ги опишат своите стравови од тестот. Останатите 10 не правеле ништо. Се покажало дека оние кои се ослободиле од своите стравови во писмена форма, постигнале многу подобри резултати. Групата, која едноставно  седела тие 10  минути,  претставила за 12% послаби резултати отколку на првиот тест, кој минал без психолошки притисок, а  другите – за 5% подобри.

Сличен ефект е  виден и кај учениците од 9-ти  клас, на кои што им претстоел завршен испит по биологија.

Директорката на експериментот Билок објаснува дека причината е оптоварувањето на префронталната мозочна кора – дел од мозокот, што функционира како „работна архива”. Кога постојат стравови овој архив се оптоварува, а со него треба да се решаваат ментални задачи, во случајот – испитни тестови. Ако тој е со намалена работоспособност, резултатите се полоши. Ако пред испит ги опишете стравовите, обезбедувате поголем мисловен капацитет, како чистење на префронталната кора, вели Билок.

- Реклама -