Трик со кој ќе ги отстраните гребнатините од вашиот телефон за 5 минути

Ако сте од оние кои имаат многу гребнатинки на екранот на телефонот и барате начин да ги отстраните, следниот совет ви го посветуваме вам.

Доколку често ви паѓа телефонот, вашиот екран сигурно е покриен со безброј гребаници кои не знаете како да ги отстраните, бидејќи мислите дека нема начин како да се поправи тоа. Но грешите, постои еден трик, кој ќе ги избрише сите гребнатини на екранот на вашиот телефон за само 5 минути.

fajb_phone_scratch_fix_01_jul2014(1)

Начин:

Земете паста за заби и ставете мала количина на памук. Ако екранот е поголем ставете повеќе, а ако е со помали димензии доволно ќе биде да ставите паста колку едно зрно сончоглед на памукот.

Потоа поминете низ вашиот екран со кружни движења низ целата површина. Бришете нежно околу 5 минути.

Конечно избришете го екранот со крпа и погледнете ги резултатите. 90% од гребнатините сигурно веќе нема да постојат. Обидете се и споделете ги резултатите во коментар.

- Реклама -