Трик со маскара која максимално ќе ги продолжи трепките

Маскарата не мора да биде скапа за да има максимален ефект.

Иако постојат различни брендови од овој козметички производ кој мора да се има, кои нудат разни трикови за продолжување на трепките, максимален ефект можете да постигнете и со најобична маската и тоа со помош на едно едноставно, бесплатно помагало од вашиот паричник.

Потребно ви е:

Screenshot_12

– Обична црна маскара

– Бизнис картичка

Постапка:

1. Бизнис картичката потпрете ја на капакот од окото, на самиот корен на трепките.

2. Со четката маскара поминете ги трепките на класичен начин.

3. Маскарата нанесете ја во два слоја.

4. На овој начин трепките ќе ги подигнете и едномерно обоите од коренот па се до врвовите и со тоа ќе постигнете максимален ефект на двојно подолги трепки. Исто така, на тој начин ќе избегнете нанесување маската на очниот капак.

5. На ист начин можете да ги нагласите и долните трепки.

- Реклама -