Тригодишно девојче оживеало на својот погреб!

Тригодишно девојче од Филипините, прогласено за мртво уште пред една седмица, се разбудило за време на погребната церемонија.

Настанот брзо се „расчу“ благодарение на видеото од погребот објавено на Интернет, а беше потврден и од локалната полиција.

Според полицискиот инспектор, во петокот, родителите донеле девојчето на градската клиника во несвесна состојба, исплашени заради високата температура што ја имало неколку дена. Клиничкиот персонал утврдил дека младата пациентка го изгубила пулсот и ја прогласил за клинички мртва.

Следното утро, за време на последните подготовки на телото непосредно пред погребот, еден од присутните забележал дека девојчето ја придвижило главата. На тоа, присутните веднаш го провериле пулсот и заклучиле дека девојчето е живо. Веднаш и дале вода, ја однеле до клиниката на преглед, а потоа ја вратиле дома.

Полицискиот инспектор вели дека полицијата сеуште не може со сигурност да ја потврди состојбата, но претпоставува дека девојчето е сеуште во коматозна состојба.

Останува да видиме дали ова е чудо, или само некоја ефтина и подла измама.

- Реклама -