Тридневна диета со која се слабее 4,5 килограми

За сите оние кои би сакале да изгубат четири ипол килограми за три дена, имаме супер вест. Не е во прашање магија, туку диета со која освен што ќе ослабете ќе го исчистите и организмот.

Тридневната диета има строг план до кој мора да се придржувате ако сакате да ги постигнете саканите резултати. Мора секој ден да јадете во исто време, а потоа мора барем три до четири дена нормално да јадете, по што може да ја повторите тридневната диета. Ако бидете дисциплинирани за три дена ќе изгубите 4,5 килограми.

IMG_3233

Диетата има специфично мени кон кое мора да се придржувате и никако не смеете да се прејадувате. Но, не смеете ни да ги прескокнувате оброците. Дури и ако не сте гладни, мора да го изедете оброкот.

Прв ден

Појадок

Црно кафе или чај со една до две лажици засладувач, сок од цитрони, 1 парче двопек со 1 лажица путер од кикирики

Прочитајте и:  Нутриционист откри што се случува кога пиеме кафе на празен стомак

Ручек

1/2 чаша туна, 1 парче двопек, црно кафе или чај со една до две лажици засладувач.

Вечера

80 грама било кое немасно месо или пилешко, 1 чаша грашок, 1 чаша морков, 1 јаболко, 1 чаша сладолед од ванила

vanilla-ice-cream_12

Втор ден

Појадок

Црно кафе или чај со една до две лажици засладувач,1 јајце,1/2 банана, 1 парче торта

Ручек

1 чаша сирење или туна, 8 солени крекери

Вечера

2 говедски шницли, 1 чаша брокули или зелка, 1/2 чаша морков, 1/1 банана, 1 чаша сладолед од ванила

carrot-and-banana

Трет ден

Појадок

Црно кафе или чај со една до две лажици засладувач, 5 солени крекери, 26 грама сирење, 1 јаболко

Ручек

Црно кафе или чај со една до две лажици засладувач, 1 варено јајце, 1 парче торта

Вечера

1 чаша туна, 1 чаша морков, 1 чаша карфиол, 1 чаша диња, 1/2 чаша сладолед од ванила

Untitled-10

 

- Реклама -