Тридневна диета која ќе ве направи полесни и до три килограми

Тридневната диета со портокали веќе одамна го освои пазарот, а сега се појави и скратена верзија во која за истиот период можете да ослабете и до два или три килограми. Оваа диета не смее да се држи почесто од два пати месечно, со пауза од најмалку две недели.

calcium-cereal-oranges

Прв ден

Појадок: Изедете една кришка бел леб, портокал и 100г. житарици.

Ручек: Со две парчиња леб иде парче лосос со лимонов сок и зелена салата, а како десерт изедете уште еден портокал, кашичка мед и чаша јогурт.

Вечера: Подгответе си 150г. џигер со малку печурки, една шака бобинки со јогурт и еден портокал.

orange_diet_3

Втор ден

Појадок: Кришка леб со малку путер, варено јајце и 100мл сок од портокал.

Прочитајте и:  Како да се изгубат 5-10 килограми до Божиќ?

Ручек: Варен грашок, салата, леб со путер, еден портокал.

Вечера: Сушено месо, пире и варени моркови и тиквички, заедно со чаша јогурт, 100г. свеж ананас и портокал.

cereal mug and orange juice

Трет ден

Појадокот во третиот ден е малку пообилен, па изедете две кришки леб со путер, две парчиња сирење и парче диња.

Ручек: Ориз со говедско месо, салата од цвекло, зелка и морков, и на крајот еден портокал.

Вечера: Варено пилешко со пиперка, варени брокули, зелка о портокал.

- Реклама -