Тричковски: Воздухот е чист – нивото на честичките вмро е на најниско ниво во последните 100 години

Бранко Тричковски: Зошто 2020 ќе биде среќна

,,Знаете ли по што знам дека 2020 ќе биде среќна!? Јас не паметам дека на први јануари времето било вака ведро.

Со видливост што е илјада пати над нормалата. Од Златна вилушка можам да видам како на пазарот во Тетово се менуваат евра за денари или како Теута Арифи вози супер џи на Шапка.

Воздухот е почист од оној на Анапурна. Нивото на честичките вмро е на најниско ниво во последните сто години.

Температурата од пет степени во 11 часот, во комбинација со горните фактори и благото ветре што носи снежно студенило од планините, прават нестварен амбиент исполнет со волшебна убавина.

Во таква средина злото на општа основа нема шанси. Ведрината и чистоќата го бркаат како што димот ги брка ѕверките од дувлата.”

- Реклама -