Трибјутот на Агилера за Витни

На доделувањето на Американските музички награди, Кристина Агилера изведе трибјут за починатата пејачка Витни Хјустон.

На 25-годишнината од „The Bodyguard“, фановите на Витни имаа големи очекувања од поп-ѕвездата, што се чини дека Агилера успеа да ги долови и талентот и харизмата со кои популарната пејачка ги исполнуваше хитовите „I Will Always Love You“, „I Have Nothing“ и „Run To You“. За време на настапот, инсерти од филмот се вртеа на екранот во позадина.

Се чини дека сплетот на Кристина ги трогна сите присутни во салата, а особено пејачката Пинк, која не ги криеше ниту солзите, ниту пак штедеше пофални зборови.

По настапот, Агилера изјавила дека конечно ѝ се остварил сонот што го имала уште како девојче – да пее во чест на својот најголем идол.

„Се надевам дека те направив горда, Витни“, напишала Кристина Агилера на својот профил на Твитер по настапот.

Погледнете го видеото што ја воодушеви публиката на АМА 2017.

https://www.youtube.com/watch?v=nUv22OHdjQU

- Реклама -