Трибјут анимација за надреализмот на Џорџо де Кирико

chirico

Италијанскиот уметник Џорџо де Кирико е најпознат по неговите мистериозни слики од 1910-тите и 1920-тите, но и по неговото значајно влијание врз надреалистичките икони како Макс Ернст, Салвадор дали и Рене Маргрите. Кирико беше во потрага по прикриени значења во секојдневниот живот и често сликаше празни градови, скриени сенки и чудни комбинации од обични предмети на места каде што гледачот не ги очекува. Неговите слики се исполнети со неверојатно медитеранско светло и сенки, живи бои и фантастични текстури, и создаваат извонредни живописни светови.

Филмаџијата и дизајнер – Џулиен Херман се надоврзува на тој концепт, додавајќи суптилни анимации од вода, ветер, сонце и човечка активност во сликите од метафизичкиот период на Кирико, како L’Enigma dell’Ora (1910), Melancolia (1912), и Il Doppoi Sogno di Primavera (1915).

„Целта на овој проект е да ѝм се даде живот на делата на Кирико, преку анимирање на неколку елементи кои се содржат во неговите слики, како сенки, часовници, возови, знаменца и слично, истовремено трудејќу се да се зачува делото на уметникот колку што е можно понедопрено и поверно на оригиналот. Овој проект е омаж за надреалниот и чуден свет на Џорџо де Кирико“.

- Реклама -