Три јасни знаци дека сте зависни од самозадоволување

Во нормални количини, мастурбацијата е здрава. Ама како и со сé друго, претерувањето носи несакани последици. Денес, со постојаниот пристап на интернет и неограничената количина лесно достапно порно, многумина претеруваат.

Не сте сигурни дали сте еден/една од нив, и дали имате проблем? Еве три едноставни знаци кои сугерираат дека сте:

1. Мастурбирате дури и кога постои ризик некој да ве фати на дело. Ако не можете да одолеете на својата желба ни додека сте со други луѓе во близина, особено на јавно место (канцеларија, во градски превоз), дефинитивно сте „навлечени“.

2. Мастурбирате „по инерција“, дури и кога не сте попалени. Од гореспоменатите причини во воведниот пасус, денес мастурбацијата сé почесто станува дневна рутина која луѓето ја „одработуваат“ мислејќи дека ќе ги опушти. Проблемот е што како што поминува времето, сé помалку „пали“, а „целокупниот систем“ престанува да функционира.

3. По самозадоволувањето имате грижа на совест. Мастурбацијата би требало да ви донесе задоволство и опуштање. Ако таквиот ефект е засенет од грижа на совест, нерасположение, стрес… дефинитивно треба да направите пауза.

- Реклама -