Три здрави навики за подобар секс

intro_par_raka.jpg Сексуалното здравје е поврзано со општата здравствена слика, па и секоја здрава навика е добра за сексуалниот нагон. Особено ако следниве три навики станат дел од вашиот стил на живеење вашето либидо ќе процвета.


Сексуалното здравје е поврзано со општата здравствена слика, па и секоја здрава навика е добра за сексуалниот нагон. Особено ако следниве три навики станат дел од вашиот стил на живеење вашето либидо ќе процвета.

Многу вежбање197k_fitness_tip.jpg

Циркулацијата игра клучна улога во сексуалниот нагон. Физичките вежби го зголемуваат протокот на крв, што е особено важно со оглед на тоа што предуслов за секс е доток на крв во гениталиите. Вежбањето го зголемува и лачењето на ендорфин, што генерално го подобрува расположението и ја зголемува енергијата. А физичките вежби секако го подобруваат изгледот и прават да се чувствувате посекси.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Здрава храна

crseha_zdrava_hrana_seks.jpg

Артериите запушени со заситени масти не дозволуваат големо количество крв да стигне до гениталиите. Прекумерната тежина го нарушува и хормоналниот баланс меѓу естрогенот и тестостеронот. Здравата и разновидна храна е важна во секој поглед, ако на пример имате недостиг од железо постојано ќе чувствувате умор и нема да бидете расположени за секс.

Совладување на стресот

seks_bez_stres.jpg

Патувајте колку почесто можете и што поотворено и подобро комуницирајте со својот партнер. Ако премногу работите и постојано сте под притисок тие проблеми ќе ги носите и во кревет каде секоја грижа може да го изеде сексуалното задоволство. Опуштете се!

- Реклама -