Три тренди плетенки кои можете да ги направите сами

Плетенките се едни од најстарите фризури кои можат да се направаат во најразлични варијанти и одлично им прилегаат и на младите но и на постарите.Но, како се менуваат трендовите, така и овој начин на обликување на косата поприми нови, мошне интересни форми. Доколку сакате и вие да научите како совршено да ја обликувате оваа секогаш модерна фризура, ви прикажуваме неколку упатства подолу.

 Класична плетенка

60798962-pletenica-frizura

-Косата поделете ја во три дела, во прамени А, Б, В.
-Праменот А префрлете го врз праменот Б
-Праменот В преку праменот А
-Праменот Б преку праменот В
-Повторувајте ја постапката се додека не се сплете целосно плетенката, а завршетокот врзете го со стегач за коса.

Превртена плетенка

60798963-pletenica-frizura

-Соберете ја косата во ниско „коњско опавче“.
-Поделете го во два дела
-Од левата страна на косата издвоете еден потенок прамен и префрлете го и соединете до со десната страна
-Постапката повторете ја додека плетенката во потполност не биде сплетена
-На крајот извадете го стегачот од коњското опавче и со истиот зацврстете ја плетенката на долниот крај.

Спирална плетенка

60798961-pletenica-frizura

-Поделете ја косата во два дела
-И двата цврсто и спирално замотајте ги додека праменот не стане рамен и тврд. Доколку ви е полесно, можете и да ги врзете со стегач.
-Цврсто мотајте прамен по прамен се додека плетенката не е сплетена до самиот крај, по што секако, ќе ја зацврстите со стегач за коса.

- Реклама -