Луѓето во брак полесно ги накачуваат килограмите, покажуваат бројни истражувања.
Погледнете кои се главните виновници за дебелеењето во бракот или долгата врска:
Седење пред телевизорот
Многу парови во долгите врски или во брак седат пред телевизорот (или компјутерот) со чипсови. Истражувањата покажуваат дека паровите голем дел од времето го поминуваат седејќи и јадејќи. Сепак, немојте да се грижите бидејќи слабеењето не значи дека треба да се откажете од времето поминато со партнерот.
Едноставно пронајдете начини на кои можете да бидете активни заедно, а не вклучуваат храна. Сексот спаѓа во тоа, но не е доволен. Во пар можете да возите велосипед, да танцувате или да се шетате. Која активност и да ја изберете потрудете се да трае најмалку половина час, три до пет пати во неделата.
Колку јаде партнерот, толку јадете и вие
Додека бевте сами, една чинија можеби ви беше доволна, но многу често тоа се менува кога започнувате да живеете во заедница. Непишано правило е жените да започнат да јадат колку своите партнери, а голем дел од жените по правило јадат повеќе од жените.
Сепак, ова не мора да биде лоша промена доколку ја збогатите храната со овошје и зеленчук, а намалите леб и тестенини.
Ќе дојадеш?
Ова веројатно им е познато на мажите. Хранат не се фрла, на децата не им се јаде, па тука е секогаш мажот… да дојаде.