Неделава на репертоарот на кино Милениум ќе се најдат три нови филмски остварувања.
Светскиот мега хит „Елисеум“, со Мет Дејмон и Џоди Фостер во главните улоги, од утре во терминот од 20.00 часот, францускиот трилер „Во Куќата“, во терминот за европски филм, 13.00 часот и премиера на новиот македонски документарен филм „Заборавените жртви на комунизмот“, во петок(23.08), во 12.00 часот.
За премиерното прикажување на „Заборавените жртви на комунизмот“ влезот ќе биде слободен.
Елисеум (Elysium) – премиера 22.08 четврток
[youtube]http://youtu.be/oIBtePb-dGY[/youtube]
Режија: Neill Blomkamp
Улоги: Matt Damon, Jodie Foster, Sharlto Copley, William Fichtner, Wagner Moura, Alice Braga
Времетраење: ‘110
Жанр: Акција, Драма, Научна фантастика
Иднина… 2154 година… Човештвото живее поделено во две просторни зони. Едната е луксузната вселенска станица Елисеум, а другата руинираната планета Земја. На Елисеум луѓето ги ползуваат сите добра кои ги нуди луксузот, додека на Земјата владеат стравот и ужасот. Кога поларизацијата на двата света ќе достигне кулминација еден човек ќе се обиде спасувајќи го сопствениот живот да донесе повторна еднаквост во разединетите светови.