Кога станува збор за избор на идеален костим критериумите се многу различни и не треба да се следат слепо сезонските трендови.
Освен на обликот на телото, треба да се обрне внимание и на градите, поточно на бројот на корпи, особено кога станува збор за помали облини.
За таа цел, погледнете три основни правила кај изборот на костим за капење, за малите гради.
Боја
Кога станува збор за бојата, малите гради можат да издржат се, а најдобро им прилегаат моќни бои и впечатливи нијанси. Најмалку им прилегаат црната и сивата боја.
Со боите нема ограничувања. Ви ги препорачуваме актуелните неонски бои. Шарите и дезените нека бидат што покрупни и што повеќе впечатливи.
Модел
Моделот на градник кој им одговара на малите гради зависи од желбата на нивните горди сопственички. Ако сакате да го истакнете деколтето послужете со силиконски костим, или корпи кои во основата соодветно ги подигнуваат градите.
Пуш – ап корпите се добар избор, но малите гради не мора нужно да бидат визуелно зголемени, бидејќи тие не се виснати. Интересен избор се триаголниците без корпи, или пак топ костимите, доколку имате тенка половина.
Апликации
Овогодинешните трендови кај костимите за капење се многу креативни, а меѓу нив се наоѓаат и такви кои се како создадени за мали гради. Апликациите пружаат 3D ефект, односно визуелно ги зајакнуваат корпите и одат во корист на пропорциите.
Апликациите како реси, карнери, цветчиња би биле совршен избор, доколку се одлучите за нив.