Три пијалоци за појадок: Добри се за здравјето на цревата и црниот дроб

Гастроентњерологот Џозеф Салхаб вели дека не е сеедно со што го започнуваме денот. Тој тврди дека постојат три пијалоци кои се одлични за здрав црн дроб и стомак.

Црно кафе
Д-р. Салхаб на TikTok објасни дека се покажало како црното кафе е добро за здравјето на црниот дроб.

„Може да помогне во контролата на заболувањето на замастен црн дроб и се покажа дека го намалува ризикот од рак на црниот дроб. Ако имате рефлукс на киселина, изберете темно печено кафе“, рече тој.

Зелен чај
Ако не ви се допаѓа вкусот на црното кафе или се обидувате да консумирате помалку кофеин, зелениот чај може да биде добра алтернатива.

„Зелениот чај содржи катехини, кои се моќни антиоксиданси и се покажаа како корисни за цревата и црниот дроб“, додаде тој.

Смути
За оние кои целосно го избегнуваат кофеинот, гастроентерологот препорача правење смути преполни со антиоксиданси. Неговиот идеален смути содржи храна како што се боровинки, капини, јагоди, шипки, цреши, манго или папаја.

„Можете да додадете и зеленчук богат со антиоксиданси, на пример, цвекло, кељ, спанаќ или брокула“, рече тој.

Извор: index.hr

- Реклама -