Три обични, но неодоливи дневни комбинации

Ако не сакате премногу едноставна облека, додадете во комбинацијата личен печат низ модни детали.
Многу жени мислат дека изгледаат секси само тогаш кога носат краток фустан, го истакнуваат деколтето или се поткачуваат на потпетици.

Сепак, постојат три дневни комбинации кои што се сосема пристојни и соодветни за секоја прилика. Покрај тоа се многу пријатни, а меѓудругото и ги привлекуваат машките погледи.

Одберете некоја од овие три и сигурно ќе бидете забележани.

1. Обична бела маица и фармерки

03801ae44336f69e722c40d4a2f425a5

За оваа комбинација да изгледа неодоливо и за да го истакне сето она што е најубаво на вашето тело, изберете бела маица која не е премногу тесна, но не и ниту премногу широка. Покрај неа, облечете фармерки кои одговараат на вашата форма на телото и сигурно нема да згрешите. Ако не сакате многу едноставни облеки, додадете личен печат низ модни детали. На пример, околу вратот ставете шарена марама или впечатливо ланче. Бидете сигурни – мажите обожаваат сосема обична облека на жените.

2. Работни дами

kantselarija-650x325

Ако сакате предизвикувачка облека, одлучете се за здолниште од типот молив, модерна кошула и потпетици.  Но, мажите сакаат да гледаат и жена во панталони и сако, бидејќи жената која оддава впечаток на независна и интелигентна е многу секси. Важно е само да изберете правилен крој на панталоните и струкирано сако кое ја прави вашата фигура убава. Во текот на летото бирајте лесна кошула со модерен принт.

3. Лелеав фустан

 

8_475

Сладок, пријатен фустан, на секоја жена и дава доза на мистериозност и никогаш не е погрешен избор. Кројот е совршен за речиси секоја прилика, а доколку го покрива само она што е доволно, ја остава машката фантазија расположена за бројни комбинации.

- Реклама -