Дисциплинскиот Комитет при Фудбалската Федерација на Шпанија му изрече три натпревари суспензија на Кристијано Роналдо за црвениот картон добиен против Атлетик Билбао.
Португалецот пред време го заврши жешкото гостување кај ’Баскијците’ откако во завршницата влезе во расправија со Гурпеги и Итураспе по што настана мешаница.
Дициплинскиот Комитет при ФФШ денеска го разгледа случајот и реши да го казни Кристијано Роналдо со три натпревари суспензија.
Поради обидот да се пресмета со Итураспе, CR7 доби еден натпревар суспензија, и уште два додатни за гестот што го направил кога го напуштал теренот.
Суспензијата важи само за средбите од Примера, Кристијано Роналдо ќе ги прескокне дуелите со Виљареал, Гетафе и Елче но ќе биде на располагање за двата натпревари против Атлетико Мадрид во полу-финалето од Копа Дел Реј.
Медиумите блиски до Реал Мадрид најавуваат дека ’Кралевите’ сигурно ќе ја обжалат ваквата пресуда, па можно е казната да биде намалена.
Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk