Tри митови за правилно полнење на телефоните

Во денешно време повеќето луѓе во развиените земји ги користат телефоните.

Зборуваме на нив, проверуваме профили на социјалните мрежи, користиме различни апликации. Главниот минус на овие уреди е тоа што нивните батерии не се издржливи. Затоа и сите совети како да се продолжи животот на батеријата почнуваат да се повторуваат без никаква потврда дека навистина успеваат. Голем дел од овие совети не се докажани. Еве кои се трите најпопуларни митови за полнење на мобилни телефони:

Мит 1: Не треба да го оставаме телефонот да се полни цела ноќ

Овој совет најверојатно се појавил во моментот кога технологијата не била толку развиена. Денес, меѓутоа, нема проблем телефонот да остане вклучен во штекер цела ноќ. Батеријата самата „знае“ кога да престане да се полни, па за уредот нема ризик. Сепак добро е да го полните во постудена соба, за да не се загрее премногу.

Мит 2: Оставете ја батеријата да падне до 0%, пред да ја наполните

Всушност ако го правите тоа, батеријата ќе почне да се троши побрзо. Некои експерти сметаат дека треба да го одржуваме телефонот полн меѓу 50 и 80%. Почесто сепак се препорачува полнењето да започне кога ќе се падне до околу 10-15%.

Мит 3: Не го користете телефонот додека се полни

Ако го користите оригиналниот полнач, а не некоја замена, нема проблем да го користите телефонот и за време на полнењето. Ако сепак сте зеле замена, внимавајте – употребата на уредот во таков случај може да доведе дури до експлозија во рацете (шансата е мала, но се случило, тврдат стручњаците).

- Реклама -