Некои имаат мозолчиња само во текот на адолесценцијата, но, некои луѓе ги следат во текот на целиот живот. Без разлика на тоа дали спаѓате во првата или втoрата група, постојат многу теории за тоа што всушност ги предизвикува. Декторката Еми Гајвер, дерматолог од Бостонскиот медицински центар, открива три фактори кои многумина ги сметаат за митови, а се всушност точни.
1. Стресот предизвикува мозолчиња
Иако многумина ја оспоруваат врската меѓу кожата и стресот, докторката тврди дека таа постои. Дури и луѓето со најчиста кожа можат да добијат мозолчиња заради стрес, а оние кои веќе ги имаат, сигурно забележале дека ситуацијата се влошува во стресните периоди.
2. Пицата предизвикува мозолчиња
За многумина омилена храна, а за малкумина познат факт, е дека пицата предизвикува мозолчиња. Некои нови студии дојдоа до сознанијата дека овој мит е сосема точен, иако постојат дерматолози кои на своите пациенти ова не им го наведувале како причина. Имено, храната со висок гликемиски индекс, како што се јаглените хидрати (оризот, белиот леб, тестото од пицата) можат да предизвикаат појава на мозолчиња.
3. Мозолчиња кои се јавуваат поради стрес, се поинаков вид на акни
Кога при стресни околности ќе ви се појават мозолчиња, бидете свесни дека станува збор за поинаков вид на акни. Тие се многу помеки, и најчесто се наоѓаат длабоко под кожата.