Во светот секоја година умираат повеќе од три милиони луѓе поради изложеноста на загаден воздух, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.
До 2050 година тој број би можел да се зголеми на дури 6,6 милиони луѓе.
Изложеноста на штетни честички во воздухот допринесува кон ризик од развој на кардиоваскуларни и респираторни болести, како и рак на белите дробови.
„ Вкупниот број на мртви поради ХИВ и маларија изнесува 2,8 милиони луѓе годишно. Тоа е половина милиони помалку од вкупниот број на луѓе кои умираат поради загадениот воздух“, изјави Џос Лилевелд, професор од Макс Планк институтот за хемија од Германија.
Емисијата на штетни гасови кои настануваат од горивата користени за готвење и греење, особено во Индија и Кина, има најголемо влијание смртноста во светот.
„ Кога луѓето говорат за загаденоста во воздухот, тие мислат дека индустријата и сообраќајот имаат најголемо влијание на глобалната смртност, а не на емисиите кои настануваат во домаќинството“, додава Лилевелд.
Тој тврди дека решението за борба против загадувањето мора да биде осмислено посебно за секоја земја, а најмногу внимание треба да се обрне на земјоделството.