Три лица од скопско Арачиново, загинаа во судир на товарен воз и автомобил. Несреќата се случила на преминот кај кумановско Романовце, на обележан железнички патен премин.
Во „голфот“ со скопски ознаки, удрил товарен воз на „Македонски железници“ – загинале возачот и две сопатнички, напиша Алсат-М.
Четвриот патник успеал да скокне од возилото пред ударот.
Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово извршија увид на местото на настанот.