Три години зaтвор за Кичеец (ВИДЕО)

Зоран Милевски Кичеец денеска доби кaзна од три години зaтвор откако вчера призна вина во случајот „Рекет“.

Запрашан вчера од судијката дали се чувствува виновен за кривичните дела за кои го гони Обвинителството во оваа постапка, Зоран Милевски Кичеец на изненадување на сите одговори „Да, чувствувам вина“.

Обвинителката Вилма Русковска вчера му предложи на судот по целосното признание на обвинетиот Кичеец да му изрече кaзна земајќи ги предвид и олеснителните и отежителните околности.

Видеото погледнете го на МКД

- Реклама -