Три деца со доцна откриен дијабетес, едно се бори за живот

Илустративна фотографија

14-годишно девојче од Охрид се бори за својот живот на КАРИЛ откако паднала во коматозна состојба поради неоткриен дијабетес.

Девојчето е приклучено на апарати за дишење, а нејзиниот организам практично е целосно затруен. Во исто време, уште две деца, едно на две и едно на четири години лежат на детската клиника, со дијагностициран дијабетес.

И овие две деца не биле навремено лекувани, а причините за тоа треба да ги истражи државниот инспекторат за здравство.

Покрај девојчето од Охрид, другите две деца потекнуваат од Гевгелија, односно Свети Николе – места во Македонија каде нема доволно едуциран медицински кадар за ретки заболувања.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината
- Реклама -